-->
-->
Пропадна најскапиот трансфер во фудбалската историја
-->
Манчестер Јунајтед минатото лето навистина понудил рекордни 190 милиони евра за да го купи Бразилецот Нејмар од Барселона но ваквата понуда била одбиена од две причини изјави таткото на фудбалската ѕвезда на судот каде беше испрашуван за финансиски малверзации на неговиот син.
Со доаѓањето на ван Гал во Манчестер клубот потроши 210 милиони на засилувања што беше доказ дека може да ја елиминира високата откупна клаузула што ја има поставено Барселона за откуп на Нејмар.
Каталонците имаа забрана од ФИФА да купуваат фудбалери и тоа беше една од причините што шпанскиот првак реши да ги задржи сите фудбалери на купче а втората причина беше што ван Гал не успеа да го убеди Нејмар дека ќе му биде подобро во Јунајтед-потврди неговиот татко.
Во меѓувреме во Јунајтед најверојатно ќе дојде Мурињо и можеби тој ќе биде екстра момент за доаѓање на Бразилецот.
Не треба да се заборави дека во Сити доаѓа Гвардиола кој сигурно ќе сака да соработува со Нејмар и да го донесе во редовите на „граѓаните“.
Сепак на потег е Барселона. Дали ќе се одрекне од услугите на Нејмар кој игра брилијантно и со парите го реновира тимот на кој му се подготвува смена на генерациите, или ќе му понуди нов договор што ќе значи дека новиот тим ќе се гради заедно со него.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење