Пронашол чанта со 10.000 долари и ги вратил на сопственикот
Еден жител на Њујорк во метро пронашол „Шанел“ чанта со 10.000 долари и порака на руски јазик, па ѝ ја вратил на сопственичката.
– Ја зедов чантата за да видам дали има податоци за сопственикот, па да стапам во контакт со него и да му ја вратам, изјави чесниот наоѓач Ричард Таверн, додавајќи дека во тоа му помогнала пораката напишана на руски јазик.
Но, бидејќи не разбирал руски, ги распослал парите на маса и ги сликал. Потоа, ги однел во блиската полициска станица во Менхетен.
На истото место, во исто време се нашла и жената што ја загубила чантата пред да тргне на одмор во Русија. Така, приказната имала среќен крај.
На крајот од изјавата за медиумите, Таверн рече дека не направил ништо спектакуларно, но дека се чувствува добро затоа што знае дека постапил најправилно.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени