Македонија
26. November 2021 - 20:11

Пронајдено уште едно тело од автобусот во Бугарија, двајца од повредените патници утре се враќаат во Македонија

Дете е 45та жртва чии остатоци се пронајдени во опожарениот автобус. Бугарското обвинителство објави дека човечките остатоци се пронајдени по дополнителниот увид  на возилото. Информацијата ја потврди и македонскиот обвинител Јовевски.

Од обвинителството велат дека Институтот за судска медецина ги обезбедил потребните ДНК профили од роднините на починатите и утре ќе ги добијат претставниците на бугарското обвинителство кои денеска пристигнале во земјава. Ќе ја добијат и комплетната документација од работењето на Беса-Транс.

Според најавите, споредбата на ДНК профилите и идентификациајта на јаглесаните тела треба да заврши за десетина дена. Во тој процес, обвинителството бара да учествуваат и претставници од Институтот за судска медицина.

Во меѓувреме, двајца од седуммината преживеани патници, утре од болницата Пирогов, ќе бидат транспортирани во земјава, но ќе го продолжат болничкото лекување. Еден ќе биде сместен на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека другиот пацинет ќе биде пренесен на Клиниката за детска хирургија. Уштде двајца од повредените патници се оечкува да бидат вратени во понеделник.