Македонија
3. September 2016 - 13:11

Пронајдено тело во фаза на распаѓање во село Калниште-Пробиштип

Во ПС-Пробиштип, вчера утрото околу 9 часот Д.К. (28) од село Калниште-Пробиштип, пријавил дека во долот на речното корито од Калнишка Река, на тесна земјена патека (удолница), пронашол непознато тело во фаза на распаѓање.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Пробиштип, при што од страна на лекар од ИМП констатирана била смрт. Од страна на роднини бил утврден идентитетот на лицето. Се работи за Р.С. (65) од Пробиштип која на 18 август годинава била пријавена за исчезната.

По наредба на ЈО, телото на почината е дадено на обдукција.