Македонија
29. March 2022 - 15:25

Пронајдени 80 грама кокаин во тетовско Џепчиште, приведен дилер

Денес полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 40 годишно лице од Џепчиште, тетовско бидејќи во неговата куќа биле пронајдени две дигитални ваги и околу 80 грама кокаин.

Денеска (29 март) околу 14 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот Ф.К. од Џепчиште, тетовско, затоа што во дворот од неговата семејна куќа, во која со судска наредба е извршен претрес, пронајдени се околу 80 грама кокаин и две дигитални ваги.Ф.К. е задржан во полициската станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик.