Балкан
9. February 2017 - 12:06

Пронајдена мртва жената по која полицијата трагаше еден месец во Босна

Исчезнатата жена по која полицијата во Босна долго трагаше, за жал е пронајдена мртва. Медиумите од регионот денеска пренесоа дека Ферида Диздар која исчезна на 10. јануари од својот дом, била најдена мртва во шума.

За жал, напорите на полицијата, роднините, пријателите, спасувачките екипи и пожарникарите завршија без успех.