-->
-->
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-->
На 09.03.2025 во 09.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во куќа во Свети Николе бил пронајден починат Д.В.(32) од Свети Николе. Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител, телото било дадено на семејството.
По преземени мерки во координација со јавен обвинител, било утврдено дека тој со А.П. неовластено се вселиле во куќата, чии сопственици биле од Скопје и Пробиштип, и дека претходно со А.Ј.(34) користеле дрога.
Во врска со настанот од слобода бил лишен А.Ј., а А.П. била повикана во полициска станица и со неа бил извршен службен разговор. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
13 физијатри и 8 физиотерапевти од Скопје од понеделник на работа во кочанската болница
-
25 години користење на родовите податоци за креирање инклузивни политики
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот