Пронајден непознат валцер стар 200 години, се верува дека е од Шопен
Досега непознат валцер е откриен во трезорот на американската Библиотека-музеј „Морган“ во Њујорк. За новопронајденото музичко дело, се верува дека го напишал полскиот композитор Фредерик Шопен, пред речиси 200 години.
Реткиот ракопис, имено, го открил кустосот Робинсон Меклејлан при каталогизациите. Тоа потоа дошло во рацете на стручњак за делата на Шопен, за да се утврди автентичноста на партитурата. Записот е датиран меѓу 1830 и 1835 година. Не е потпишан од Шопен, но може да се види неговиот препознатлив бас-клуч меѓу нотите.
– Она во што сме најсигурни е дека ова е напишано од раката на Шопен, на хартијата што тој ја искористил… Она што не е сосем јасно е дека тој ја компонирал музиката. Тука сум околу 98 отсто сигурен, а многу луѓе кои го слушнале веќе чувствуваат во стомакот дека ова звучи како Шопен, изјави Меклејлан.
Кинескиот пијанист Ланг Ланг го отсвири и сними валцерот за „Њујорк тајмс“ (New York Times) којшто ја откри приказната.
- Звучи многу како Шопен, со многу драматична темнина којашто се претвора во позитивно нешто. Прекрасно е. Ова не е најкомплицираната музика на Шопен, но и еден од најавтентичните стилови на Шопен што можете да ги замислите, изјави Ланг.
Валцерот содржи и мали грешки, но Меклејлан е уверен дека музичкиот запис е на Шопен. Композиторот кој пишувал претежно за солонастапи на пијано, почина на 39-годишна возраст во Франција во 1849 година. Тој често бил прогонуван од халуцинации, а се верува дека имал и епилепсија, според некои истражувачи.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега