-->
-->
Пронајден крадец од Ранковце, одземеното вратено на сопственикот
-->
Во Полициското одделение Ранковце вчера во 12.00 часот бил извршен службен разговор со С.Л.(30) од село Ранковце, осомничен дека во периодот од 24 до 26.09.2023 на место викано „Бела бука“ помеѓу село Герман и село Нерав одзел седум кубни метри огревно дрво, сопственост на М.Д. од Куманово.
По преземени мерки, информираа денеска од МВР, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка и Полициското одделение Ранковце дрвата биле пронајдени на две локации во селата Отошница и Радибуш и биле вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот против С.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа