Промовирано адаптираното издание на прличевата „Автобиографија“ на Славе Ѓорѓо Димоски
Во родната куќа на Григор Прличев во Охрид денеска во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ што се одржува во знак на сеќавање на големиот охридски и македонски поет и преродбеник, беше промовирано адаптираното издание на прличевата „Автобиографија“ на Славе Ѓорѓо Димоски.
Станува збор за авторски труд на Димоски во кое тој го поедноставува стилот, па и содржината на текстот содржан во „Автобиографијата“ на Прличев, дело што во својата оригинална форма претставува обид на самиот Прличев за создавање словенски еспаранто, јазик во која доминира охридски дијалект со мноштво грчки, бугарски и руски зборови.
За адаптиранта верзија на Димоски зборуваше проф д-р. Димитар Пандев, кој меѓу другиото истакна дека да се приопшти денес Прличев на стандарден јазик, значи да се сфати мислата на Прличев, неговата мисла што знаела мера и збор, со забелешка дека не случајно една од книгите на Славе Ѓорго Димоски носи наслов „Мерач на зборови“.
- Потегот на Прличев ретко кој ќе го сфати во негово време, го сфаќаме денес со сето она што сме го надградиле над преродбенското дело и на црковно-народната борба на Прличев, и го освежуваме повторно денес со творечкото разоткривање и осовременување на Славе Ѓорѓо Димоски. Вклопувајќи ги во диптихон, Димоски му дава централно место на прличевото преродбенско епохално дело, зашто го вклопува меѓу просветителската идеја на Јоаким Крчоски, бездруго најчитаниот автор во Охрид во 19 век. И современата македонска литература исполнета диптихони и триптихони, како што е „Триптихонот“ на Славе Ѓорѓо Димоски, јазичен триптихон од митологијата и антиката се до денес. Се е во врската меѓу просторот и времето и таму сме сите ние, заедно со Прличев, истакна Пандев.
Чествувањата во рамки на „Прличевите беседи“ ќе бидат заокружени денеска со традиционалната „Прличева визита“, како и со приредби на образовните интитуции од градот што го носат името на Прличев.
Манифестацијата „Пличеви беседи“ е востановена пред речиси шест децении, како одбележување на годишнината од смртта на големиот поет кој почина на 4 февруари пред 124 години. Прличев пред век и половина беше овенчан со Ловоров венец во Атина за неговата поема „Сердарот“
Ново на Сител
-
Српската Влада ги ограничи цените за брашното, зејтинот, млекото, шеќерот и ги намали акцизите за горивата
-
Рама: Браќа Македонци и Албанци прифатете го францускиот предлог
-
Малолетник од Битола силувал малолетничка - негова роднина
-
Си го истепал колегата пред магацин од фирма во Гази Баба
-
Тешко повредено дете откако врз него паднала метална врата на игралиште во Скопје
-
Фатени неготинци кои во „голф“ се возеле со над милион и пол денари
-
Ковачевски: Добивме француски предлог со идеи за нашите јавно изнесени ставови во однос на спорот со Бугарија
-
ЕУ: На маса е финален компромис кој треба да биде прифатен од двете страни