Промовирана збирката раскази „Николај (фикција.вода.вистина)“
Во спомен домот на Браќата Миладиновци во Струга синоќа беше промовирана збирката раскази „Николај (фикција.вода.вистина)“ од авторите Димитрие Дурацовски, Зоран Ковачески, Мерсиха Исмајлоска, Мите Стефоски, Ненад Јолдески и Никола Кукунеш, во издание на ПНВ Публикции.
Промоцијата беше во организација на музејот „Доктор Никола Незлобински“ во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите – 18 мај.
Книгата е составена од шест раскази за струшкиот лекар Николај, кој го спасил градот од маларија и неговата сопруга Софија. Според Мите Стефоски, кој е еден од авторите, направен е еден литературен омаж на Николај и неговата дејност како лекар, но и другите активности на брачниот пар поврзани со Струга. Расказите, додаде, комплементарно еден на друг во една чудна постмодернистичка игра се надополнуват и се преплетуваат.
- Книгата е необичен литературен експеримент, редок во книжевноста каде неколкумина автори на слична тема се обидуваат да пријдат со различни литерални постапки и различни обработки на она што е земено како појдовна точка. Токму во тоа лежи нејзината вредност, бидејќи не само како постмодернистички експеримент, кој независно од литералните вредности има место во историјата на македонската литература по тоа што досега колку што ми е познато не постои ваков литерарен експеримент направен на два вистински историски лика и времето кое е одсликано и во расказите, појасни Стефоски
Незлобински, посочи, е дел од културната историја на Струга не само заради собирањето експонати со кои го основал првиот Природонаучен музеј на Балканот, туку и за собирање други етнолошки материјали и фотографии со кои е зачувано едно време од 20-те години од минатиот век.
Идејата, како што истакна Ненад Јолдески, еден од иницијаторите за создавање на книгата и автор на расказ, меѓу другото била после речиси еден век да им се возврати на Никола Незлобински и неговата сопруга, кои ја култивирале Струга.
- После речиси еден век сакавме да му возвратиме на човекот кој толку многу направил за градот. Изградил бањи, првото спортско игралиште, првиот Природонаучен музеј, го извлекол градот од маларија... Идејата беше да се направи метафикција, една книжевна интервенција во историјата која ќе послужи како лост, рече Јолдески.
Струшкиот музеј „Др. Никола Незлобински“ за посетителите е отворен од вторник до недела од 1 мај до 1 октомври.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак