Промовирана монографија за Есма Реџепова-Теодосиевска
Монографија за Есма Реџепова-Теодосиевска, која го носи епитетот кралица на ромската музика, беше промовирана синоќа во Музејот на револуционерната борба.
Автор на публикацијата е Славе Николовски-Катин, издавач е „Македонска искра“ и Асоцијацијата „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје. Објавувањето е поддржано од Министерството за култура, кое во 2013 година на Есма Реџепова-Теодосиевска и ја додели титулата национален уметник.
- Оваа значајна монографија на своите 410 страници мошне импресивно и умешно ја овековечува одисејата на Реџепова, во форма на еден биографско-публицистички времеплов за 55-те години на сцената на Реџепова-Теодосиевска и нејзиниот животен сопатник, истакнатиот музички уметник Стево Теодосиевски, изјави за медиумите министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која присуствуваше на промоцијата.
Есма Реџепова-Теодосиевска во последните децении се етаблираше во сите европски и светски центри и ја промовираше македонската култура во меѓународен контекст.
- Во текот на своите 55 години активно музицирање, учествувала на врвни музички фестивали и манифестации низ светот, со што даде голем придонес во афирмирањето на македонската култура и традиција надвор од нашата држава. За време на својата 55-годишна кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска има остварено повеќе од 12 000 солистички концерти во Република Македонија и надвор од неа. Во дискографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска се наведени 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, а остварила соработка со еминентни музички светски имиња. Ова ексклузивно издание покрај во Скопје ќе биде промовирано и во Кочани, Белград, Брисел, САД, Канада и Австралија, информира Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот