Промовиран проектот „Ничија земја“ на 15. издание на Биеналето на архитектурата во Венеција
Во историскиот воен локалитет „Арсенале“ денеска свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамки на 15. издание на најпрестижниот светски настан од областа на архитектонското творештво – Биеналето на архитектурата во Венеција.
На промоцијата на годинашниот национален претставник, проектот „Ничија земја“ на проектантското студио „Стоун дизајн“, пред присутните се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Учеството на оваа интернационална манифестација со светско реноме е, како што рече министерката за култура, од исклучително значење за Република Македонија и токму затоа со поддршка од Министерството за култура, архитектонското творештво на македонските автори во континуитет се претставува на овој врвен архитектонски настан.
- Република Македонија во изминатите години оствари повеќе впечатливи претставувања на Венециското биенале на архитектурата, кои не етаблираа на глобалната архитектонска сцена и понудија свежи и иновативни творечки остварувања. Во таа смисла, уверена сум дека проектот „Ничија земја“, ќе ги доближи уште повеќе актуелните архитектонски тенденции и креативните идеи на македонските автори до европската и светската јавност и ќе биде голема провокација за посетителите на овој настан кои ќе имаат можност да се запознаат со вредностите на македонската култура и уметност, рече Канческа-Милевска.
Таа додаде дека проектот „Ничија земја“ чиј комесар е д-р Иванка Апостолова, е дело на четворицата млади архитекти од Скопје, Стојан Павлески, Иван Симеонов, Ѓорѓи Радовановиќ и Љупчо Тасевски, кои достојно ги имплементира суштинските начела профилирани во годинашната тема на Биеналето „Извештај од фронтот“.
- Проектот има силна индивидуална и сугестивна димензија на архитектонскиот јазик, во функција на создавање на една единствена, заедничка, просторна претстава, Град за сите, Земја ничија или сечија...Тој соодвествува со нашата реалност, и не поттинуваат сите нас, да се запрашаме, дали можеме лесно да се препознаеме во улогата на мигрант, емигрант и крајно жител на земја ничија и сечија, истакна министерката за култура.
На отворањето на македонскиот павиљон присуствуваа и конзулот на Република Македонија во Венеција Ашим Зекировски
Претходно, министерката Канческа – Милевска на покана на својот колега Иван Тасовац присуствуваше на отворањето на српскиот павиљон во рамките на Биеналето на архитектурата во Венеција, соопшти Министерството за култура.
На годинашното Биенале, кое се одржува од 28 мај до 27 ноември, националната архитектура ја претставуваат вкупно 61 земја, а за првпат учествуваат Казахстан, Нигерија, Филипини и Јемен. Селектор на главната архитектонска изложба е реномираниот архитект Алехандро Аравена од Чиле, добитник на наградата Прицкер, која често се нарекува и Нобелова награда во архитектурата.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Лазарополе и Охрид, нестабилно време и денеска
-
Македонски државјанин ќе биде екстрадиран од Грција во Германија, бил баран со потерница за грабеж и убиство
-
Силни експлозии во областите на Ерусалим и Тел Авив
-
Арагчи: Иран останува посветен на дипломатијата, но ќе продолжи да дејствува во самоодбрана
-
Со завршен збор на одбраната, продолжува судењето против Мерко за поставувањето директори на четири училишта
-
Путин: Русија може да помогне во посредувањето за договор меѓу Израел и Иран
-
Блумберг: САД подготвуваат напад врз Иран во наредните денови
-
Продолжуваат нападите меѓу Израел и Иран, ИДФ повика на евакуација во иранскиот град Арак