Македонија
20. February 2018 - 8:56

Промоција на збирката раскази „Животот е...убав“ од Коста Милков

Збирката раскази „Животот е...убав“ од Коста Милков ќе биде промовирана вечер во „Литературно кафе Метаноја” во Скопје.

Книгата е во издание на „Метаноја“, а ќе ја промовираат Оливера Ќорвезироска и Владимир Мартиновски. 

Избор од расказите ќе читаат Ана Голејшка и Ѓоко Здравевски. Промоцијата ќе биде збогатена со музички илустрации од Драган Даутовски.