Промоција на стихозбирката „In Nomine“ од Стефан Марковски
Во Гевгелија денеска ќе биде промовирана поетската книга „In Nomine“ од Стефан Марковски.
Збирката содржи 41 песна и е дел од едицијата „Ѓерѓеф“ на издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје.
- Во „In Nomine“, Стефан Марковски не ја следи главната поетичка структура на неговата генерација, во која доминира иронијата како основна стилска фигура и светоглед на реалноста. Напротив, тој е склон кон чисто лирскиот асоцијативен тип поезија, пишува во освртот кон оваа книга рецензентот и промотор Ефтим Клетников.
Марковски во декември минатата година ја објави својата четврта поетска збирка насловена „Сиво сјаат вселените“ со која ја доби наградата „Бели мугри“ на Домот на културата „Кочо Рацин“ за необјавена поетска збирка од автор до 35-годишна возраст.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна