Македонија
8. December 2017 - 8:35

Промоција на романот „Допирот на пијанистот“ од Мирт Комел

Романот „Допирот на пијанистот“ од словенечкиот писател Мирт Комел вечер ќе биде промовирана во „Кино Култура“. Преводот на книгата од словенечки на македонски јазик е на Иванка Апостолова Баскар.

Промоцијата ја организираат издавачките куќи „Готен“ од Скопје и „Гога“ од Ново Место. На промоцијата на книгата ќе присуствува авторот, а разговорот со него ќе го водат Владимир Јанковски и Живко Грозданоски. 

Романот „Допирот на пијанистот“ ја раскажува приказната за генијалниот њујоршки пијанист Габриел Голдман. Мирт Комел е писател и филозоф, предавач на Факултетот за општествени науки и на Факултетот за филозофија во Љубљана. Автор е на бројни научни дела, а неговите книжевни дела варираат од драми и драмски песни до текстови за патување. „Допирот на пијанистот“ е негов прв роман.

Гостувањето на Мирт Комел во Скопје е поддржано од Јавната агенција за книга на Република Словенија.