Македонија
20. August 2022 - 8:52

Промоција на новите полициски службеници

Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи денеска ќе бидат промовирани новите полициски службеници, генерација 2021-2022 година.

На промоцијата најавени се обраќања на претседателот Стево Пендаровски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и раководителката на Центарот за обука на МВР, Сузе Трајковска.