Македонија
8. November 2015 - 9:00

Промоција на новиот број на научното списание „Ars Academica“

Во рамки на годинашното „Скомрахи“ денеска на Факултетот за драмски уметности ќе биде промовиран третиот број од научното списание „Ars Academica“.

Списанието заеднички го објавуваат Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност, а неговото издавање финансиски е поддржано од Министерството за култура.

Целта е да се направи научно списание од врвен формат кое ќе ја презентира научната мисла од светот на перформативните уметности. Минатата година беа објавени два броја на списанието.