Македонија
20. July 2016 - 8:40

Промоција на новиот број на „Лице в лице“ посветен на играта

На плажата во кампот „Ливадиште“ во Струга вечер ќе биде промовиран новиот, 21-ви број на уличното списание „Лице в лице“ посветен на игра и придобивките која таа ги носи.

На промоцијата ќе бидат прикажани идеи и предлози за најразлични детски игри за поминување на времето на отворено, а се поинакви од традиционалните.

Во новиот број на „Лице в лице“, како што информира извршна директорка и главна и одговорна уредничка Климентина Илијевски, разработени се теми за моќта на играта во промената на перспективата од која ги гледаме нештата околу нас,  за тоа колку глобализацијата остава простор за игра, кои се бенефитите од нејзиното практикување и колку е важна за нашиот психички развој, од детството па преку сите фази од нашето живеење. Има осврт и за значењето на играта кај возрасните како начин за негување на менталната креативност, здравјето и среќата, но, и како опција за ослободување од стресот и враќање на оптимизмот.

- Она што на­ви­сти­на воз­бу­ду­ва отка­ко ќе се за­че­ко­ри во оваа те­ма, е што на­ви­дум на­ив­ни­те и ба­нал­ни­те на­по­ри, еле­мен­ти на игра­та, мо­жат да до­не­сат не­сог­ле­ди­ви при­до­би­вки за учес­ни­ци­те во неа. За де­ца­та, по­бр­зо усво­ју­ва­ње на зна­е­ња и на вред­но­сти­те во жи­во­тот, за во­зрас­ни­те, вред­но­сти и од­не­су­ва­ња што го пра­ват жи­во­тот убав. Токму затоа овој број на „Лице в лице“ го посветивме на оваа тема, истакна Илијевски.

Најавено е присуство на тројца продавачи на „Лице в лице“ ангажирани преку Дневниот центар за деца на улица кои како награда за нивниот работен ангажман ќе имаат петдневен одмор во хотелот „Солферино“, подарок од Црвениот крст на Град Скопје. Петдневниот одмор во Струга продавачите ќе го комбинираат и со продажба на „Лице в лице“ по струшките плажи и низ Чаршијата.

- Во Струга сум бил како мал, и не се сеќавам многу на тоа летување. Сега, како повозрасен, доаѓам во улога на продавач на „Лице  в лице“, и среќен сум што со колегите-продавачи ќе имаме и едно вакво искуство. Одмор и работа. Во Скопје читателите веќе не знаат, па тука сме на некој начин како почетници. Ќе видиме како ќе не прифатат и стружани, вели Сухамед Садик.

Ова е втора промоција на „Лице в лице“ во Струга. Првата се случи пред две години во рамки на Струшките вечери на поезијата, а акцентот беше ставен на моќта на поезијата во креирање општествени промени.

„Лице в лице“ го промовира моделот на социјално претприемаштво кај нас ангажирајќи луѓе од најранливите категории на општеството како продавачи на списанието. Половина од продажната цена (100 денари) оди директно за продавачот, а другата половина е наменета за градење на систем за подобрување на положбата на овие лица.