Промоција на нов електронски дневник за работа на училиштата
Министерството за образование и наука (МОН) денеска ќе промовира нов Информациски систем за управување со образованието, кој вклучува и нов електронски дневник.
Новото софтверско решение треба да ги надмине предизвиците со кои наставниците, администраторите, родителите/старателите и самите ученици ги посочувале во изминатиот период, бидејќи, како што информираше неодамна МОН, сите нивни сугестии се земени предвид во процесот на креирање на системот.
На промоцијата ќе се обрати новата министерка за образование и наука Весна Јаневска.
Новиот систем е изработен со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија и официјално ќе се примени во текот на новата учебна 2024-2025 година, откако ќе го помине тест периодот во неколку основни и средни училишта.
Откако целосно ќе заврши фазата на тестирање, ќе следи процес на мигрирање на податоци од сегашниот во новиот електронски дневник, но и внесување на дополнителни податоци во софтверот од страна на училиштата. Предвидено е да се организираат обуки за користење за сите наставници.
Ново на Сител
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?