Македонија
1. November 2017 - 8:19

Промоција на мултимедијалниот проект „Црвена земја“

Во Мала станица вечер од 19 часот ќе биде  претставен мултимедијалниот проект „Црвена земја“ (Red Land) - најнов на авторката Тања Балаќ.

- Минималистичкиот пристап е свесен избор, чија идеја е да го поттикне размислувањето кај публиката, не само за рефлексијата на светот која не опкружува самите, туку и за саморефлексијата на сопствената позиција во него, изјави Балаќ.

Данкан Хигинс, уметник и професор по визуелна уметност на универзитети во Велика Британија и Норвешка, во предговорот за каталогот, меѓу другото, истакнува дека делото на Балаќ истражува и нуди серија од мноштво отворени интерпретации, предизвикувајќи длабока тензичност во можностите, гестовите и движењата во оваа визуелна творба.