Промоција на Македонско-албански/Албанско-македонски речник за деца
Првиот илустриран Македонско-албански/Албанско-македонски речник за деца денеска ќе биде презентиран пред учениците во ОУ „Братство“ во скопската општина Карпош.
Речникот ќе го презентира високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ - Висок комесаријат за национални малцинства (ВКНМ) Ламберто Заниер.
- Речникот е на линија на долгорочната поддршка на ВКНМ за политики насочени кон надминување на сегрегацијата во училиштата и во општеството како целина. Проширувањето на обемот на алатките за учење јазик за ученици од основно образование е директно во насока кон остварувањето на оваа цел. Речникот содржи по 4.500 термини од двата јазика и е преземен од наставната програма од повисоките одделенија во основното образование, информираат од минисјата на ОБСЕ во Скопје.
Појаснуваат дека се содржани и кратки осврти на граматиката на двата јазика и одреден број илустрации прилагодени на возраста. Изработен е од тим на експерти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Државниот универзитет во Тетово. Речникот исто така е достапен онлајн и како апликација за андроид и ајОС уреди.
Детскиот речник е подготвен од ВКНМ и Нансен дијалог центарот Скопје, со финансиска поддршка од германската влада.
Освен пред учениците во ОУ „Братство“ во Скопје, Македонско-албански/Албанско-македонски речник ќе биде презентиран и пред учениците од ОУ „Гоце Делчев“ од Гостивар.
Ново на Сител
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте