Македонија
14. November 2016 - 8:50

Промоција на книгата за деца „Мост меѓу две срца“

Во Новаци денеска ќе биде промовирана поетската книга за деца „Мост меѓу две срца“, книга 3, која произлезе од деца автори кои учествуваа на истоимениот фестивал во април, по повод Светскиот ден на книгата и авторското право. 

Целта на фестивалот е поттикнување и промовирање на детското творештво, креативно изразување и негова дисперзија и развој во руралните средини.

Фестивалот е организиран од Културно-иновативниот клуб-Новаци во партнерство со ОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци и Општина Новаци. Оваа година на фестивалот учествуваа претставници од шест основни училишта од пет општини во регионот.