Македонија
21. October 2015 - 9:21

Промоција на книгата „Семеен албум“ од Весна Мојсова-Чепишевска

Во мултимедијалниот културен центар „Матица“, во Паркот на книгите, вечер ќе биде промовирана книгата „Семеен албум“ од  проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

- Во своето најново дело познатата македонска авторка и универзитетски професор пишува за современи теми врзани со книжевниот Балкан и за местото на македонската литература и култура во него, соопшти организаторот на промоцијата. 

За научните и творечки пораки на „Семеен албум“ ќе говори проф.д-р Ангелина Бановиќ-Марковска. Фрагменти од книгата ќе читаат студенти од Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.