Македонија
9. November 2017 - 9:21

Промоција на дебитантска поетска книга од Ирена Јурчева

Во Литературно кафе Метаноја вечер во 19 часот ќе биде промовирана дебитантската поетска збирка „Таинства“  од Ирена Јурчева во издание на „Метаноја”.

- Младата Ирена Јурчева напишала збирка поезија што изненадува, восхитува и нѐ тера уште повеќе да веруваме во генерациското продолжение на македонската книжевност, пишува писателот Драги Михајловски во рецензијата за книгата. 

Стихозбирката ќе ја промовираат Ефтим Клетников, Вера Стојчевска-Антиќ и Елена Пренџова.