Променливо облачно со услови за слаб локален дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 19 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
-Потоа, во текот на следната работна седмица, ќе преовладува стабилно и тивко време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, соопшти УХМР.
Ново на Сител
-
ЛКМ: Прво Таравари да достави решение кој е одговорен па потоа комората ќе постапува
-
Менаџментот на Детска клиника одлучи
-
Мицкоски и врати на Јотова: Почитувајте ги Македонците во Бугарија
-
Кој ја партизира АНБ - ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска со меѓусебни обвинувања
-
Мицкоски не очекува големи потреси на пазарот со електрична енергија во земјава
-
Инвестициите и општинските капитални проекти ќе го зголемат економскиот раст
-
Истражување: Битола најотворена општина, Сопиште најзатворена
-
Преглед на вестите од светот