Променливо облачно, со температура до 28 степени
– Времето во утринските часови ќе биде променливо облачно, во текот на претпладнето со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се намали и ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6, информираат од УХМР.
Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 25 степени.
Во текот на работната седмица ќе се задржи стабилно време со постудени утра, до вторник и со пониска дневна температура. Од среда дневната температура повторно ќе се зголеми, позначително во четврток и петок, кога ќе биде натпросечно топло.
Ново на Сител
-
66-годишен маж пронајден починат во својот дом во Центар
-
Ограбена црква во подрачјето на Центар во Скопје
-
Велика Британија воведе уште сто санкции против Русија
-
Во Шпанија во прекин телефонската комуникација поради дефект
-
Минималните трошоци во мај зголемени за 1.217 денари, од ССМ бараат раст на платите
-
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира државата
-
Лишено од слобода едно лице од Неготино поради сомнение за „криумчарење мигранти“
-
Сиљановска-Давкова не го открива името на идниот гувернер, вели дека веќе знае кој ќе биде тој