Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 степени.
УХМР соопшти дека до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
- Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 60 километри на час). Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 литри на квадратен метар).
И во Скопје до крајот на седмицата времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
- Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер, прогнозира УХМР.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека