Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени Целзиусови.
Во Скопјен претпладне ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 13 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре преку ден ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа ќе преовладува стабилно и постудено време со ниски утрински температури, кои од среда насекаде ќе бидат под нула. И во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Ново на Сител
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо