Македонија
6. јуни 2018 - 8:20

Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во текот на денот на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Доцна попладне времето ќе се стабилизира. УВ индексот ќе изнесува 7. 

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а дневната температура од 20 до 32 степени. 

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во текот на денот на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Доцна попладне времето ќе се стабилизира.

Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната  температура до 30 степени. 

Во четврток, како и во петок преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја. Во петок кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.