Македонија
9. November 2021 - 8:40

Променливо облачно и ветровито

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а долж Повардарието со засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.

Во Скопје, претежно облачно со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во наредните денови ќе има стабилно време со појава на магла по котлините. Температурите ќе бидат во опаѓање, соопшти УХМР.