Македонија
20. April 2021 - 12:30

Пролетниот бран во опаѓање – бројот на починати и натаму висок

Пролетниот бран на корона вирусот почна да добива надолен тренд. Се намалува вкупниот број на активни случаи и попушта притисокот врз болниците.

Вчера како за податоци кои се однесуваат за неделата имавме 135 нови случаи од само 841 тест но и 35 починати пациенти. Меѓу нив и две лица од Скопје кои имале само по 46 години. Само од почетокот на април починале 697 лица а вкупниот број достигнува до 4.478.

Во моментов според информациите на Министерството за здравство нешто над 1660 пациенти се хоспитлаизирнаи во болниците низ Македонија а надлежните уверуваат дека има уште речи си 400 слободни кревети.

До сега, вакцинирани се околу 35.000 граѓани.