Производството на вакцини во Кина зголемено повеќе од тројно, дневно произведува до пет милиони дози
Во извештајот на новинската агенција Ксинхуа се вели дека кинеските производители досега испорачале над 100 милиони дози вакцини на домашниот пазар, а до понеделник се искористени околу 80,46 милиони дози.
– На 22 и 23 март се употребени 2,8 милиони дози и вакцинацијата се забрзува, потврди Фенг Зиџијан, заменик директор на кинескиот Национален центар за контрола и превенција на болести и најави дека се очекува вакцинацијата значително да се забрза од април.
Планот на кинеските власти е да се вакцинираат 40 проценти од 1,4 милијарди Кинези до средината на годинава.
Кина беше меѓу првите што започна да работи на вакцини против Ковид-19 и извезе милиони од нив.
Производителот на вакцини „Синовак Биотех“ во понеделникот објави дека обезбедил 160 милиони дози од својата вакцина за 18 земји и региони.
Ново на Сител
-
ЕК спроведува 10 истраги против социјални мрежи поради сомневање за кршење на европското право
-
ЕСМ Дистрибуција: Се нормализира испораката на топлинска енергија во Општина Центар
-
Поскапени билетите за македонските навивачи во „Вараждин Арена“
-
Земјотрес од 6,4 степени во Тајван, 27 луѓе повредени
-
Утрово најстудено во Битола, најмногу снег на Попова Шапка
-
Бајден превентивно помилува членови на неговата фамилија, Трамп го оквалификува тој потег како - „срамно“
-
Законот за заштита на децата повторно на пленарна седница
-
Трамп го повика Путин да се согласи на договор со Украина