Бизнис
3. November 2016 - 8:27

Производствен капацитет на „Lear corporation“ во ТИРЗ Тетово

Производствениот капацитет на американската компанија „Lear corporation“- фабрика за автомобили, денеска ќе биде отворен во Технолошко-индустриската зона во Тетово.

Компанијата е глобален снабдувач на автомобилски седишта и системи за дистрибуција на електрична енергија, со производи од светска класа.

На отворањето предвидено е да се обрати министерот за економија Дритон Кучи.