Бизнис
24. February 2020 - 16:47

Производителите на чевли стравуваат за бизнисот поради мерките од корона вирусот во Италија

Коронавирусот во Италија може да стави клуч на врата на кумановските фабрики за чевли. Од здружението на текстилна и кожарка индустирја велат дека голем дел од северот на Италија  каде најчесто се извезуваат македонските чевли е затворен.  Ако ваквата состојба се задржи подолго време  се стравува дека  може  целосно да се прекине сорабтката со кумановските компании, а алтернатвен пазар за пласман засега нема.

За да не се создаде нов удар врз текстилната и кожарката индустрија бараат државата да се воздржи и од ново зголемување на минималецот. Од секторот велат дека  дел од текстилните компании неможејќи да го издржат претходното зголемување на 14. 500 денари биле принудени да го намалат бројот на врабтоени, а некој помали фирми  ги затвориле и погоните.

Велат дека поради немањето на кадар за работа и намалување на профитабилноста дел од бизнисмените во текстилната индустирија го селат својот капитал во други сеткори. Бараат итни реформи во образованието и да се стави крај на митото и корупцијата.

Извозот лани од оваа индустрија изнесувал над 540 милиони евра и намален за 6, 5 проценти.