Прогресивниот синдикат на образование бара линеарно зголемување на платите за најмалку 2.800 денари
Прогресивниот синдикат на образование при Сојузот на синдикати на Македонија смета дека во моментот линеарното зголемување на платите во јавниот сектор за најмалку 2.800 денари е најодржливото решение.
Бараат со Законот за наставници и стручни соработници да се регулира идното зголемување на платите во образованието, процентуално, согласно зголемувањето на минималната плата, да се реши статусот на вработените на определено време и сите идни вработувања во образованието да бидат на неопределено време.
– Доколку СОНК го поддржи ова наше барање ние ќе се приклучиме официјално кон штрајкот, а се разбира ССМ веќе соопшти дека ги става на располагање своите капацитети во насока на спроведување на активностите кои ги преземаат синдикатите за зголемување на платите за најмалку 2.800 денари во нето износ за сите вработени, вклучително и просветните работници, се вели во денешното соопштение од Синдикатот.
Оттаму додаваат дека нивните членови сами одлучуваат дали и кога ќе го поддржат штрајкот на СОНК.
Ново на Сител
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко