Прогласени најуспешни 10 жени менаџерки за 2016 година
Агенцијата Марили синоќа го организира 21-от избор на Топ најуспешни жени менаџерки за 2016 година.
Најуспешни 10 жени менаџерки се: Сузана Блажевска, генерален менаџер на „Афродита С“ - Скопје, Елена Василевска Ѓеоргиева, заменик-генерален менаџер на Поликлиника „Дента ЕС“ - Скопје, Олгица Ѓоргиева, генерален менаџер на Модно ателјe „ГО Ѓоргиева Олгица“ - Скопје, Елена Антоновска Едизер, генерален менаџер во „Арс Луцида“ - Скопје, Билјана Караманолеска, генерален менаџер во „Светот на колорес“ - Скопје, Ена Норнилд, генерален менаџер во „Дан-Мак“ - Скопје, Енкеледа Стефановска, генерален менаџер во „Ад Вербум“ - Скопје, Елида Трајковска, генерален менаџер „Секјуриком“ - Скопје, Александра Марковиќ Цветановска, генерален менаџер во „Вардар Експрес Травел“ - Скопје и Викторија Шотароска, генерален менаџер во „П.И.К. Ко“ - Скопје.
Доаѓаат исклучиво од приватниот сектор, од целата држава, а кога е можно се вклучива и дијаспората. Жените доминираат во услужните дејности и во областа на финансиите. Најчесто водат мали и средни бизниси.
Генералната менаџерка на агенцијата Лидија Трипуноска вели дека во конкуренција биле 30-40 жени и оти од избраните 90 отсто од жените се на позиција генерални менаџери и оти на таа позиција се подолги години.
За да бидат дел од Топ 10-те најуспешни, треба тие да се добро прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени, треба да бидат од различни области и дејности.
Според Трипуноска, овие избори придонесоа за подигнување на нивото на перцепција за жената во нашето општество и во бизнисот.
- Таа традиција и прогласувањето на најуспешни жени менаџери ги помести границите за тоа како се гледа на жената. На тоа дека всушност таа може да биде рамноправна, не само во работниот однос, туку и во делот на тоа да може да координира, да може да организира. Значи, се она што подразбира менаџирањето, да биде одговорна и на неа да се гледа како на сериозен субјект во бизнисот, а верувам тоа е препорака и воопшто за општеството и за високи позиции во општеството, истакнува Трипуноска.
Досега се избрани 210 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а минатата година по повод јубилејот 20 години беа избрани 20 .
Во рамки на манифестацијата трет пат по ред се одржа и тематски ден посветен не само на жените менаџерки, туку и на секоја современа жена.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа
-
Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози освен на осојничавите места
-
Зеленски: Путин се преправа дека сака мир, со поставување непотребни барања само ја продолжува војната
-
Мајнл-Рајзингер - Муцунски: Австрија стои до Северна Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица
-
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје
-
МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови
-
Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице