Прогласена вонредна состојба во Еквадор, војската излегува на улица
Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба на 60 дена откако водачот на една од најголемите криминални банди во земјата Адолфо Масијас избега од затвор каде ја отслужуваше казната.
- Само што потпишав указ за вонредна состојба за вооружените сили да ја имаат сета политичка и правна поддршка за нивните постапки. Помина времето кога шверцерите на дрога, убијците и организираниот криминал и диктираат на владата што да прави, рече Нобоа.
За време на вонредната состојба армијата ќе биде распоредена на улиците и во затворите, а ќе биде воведен и ноќен полициски час.
Во неделата Адолфо Масијас, водачот на криминалната банда Лос Чонерос, исчезна од затворот каде издржуваше казна од 34 години.
Вонредната состојба беше прогласена вчера и нејзините последици се меѓу првите големи безбедносни предизвици за Нобоа, кој ја презеде функцијата во ноември, ветувајќи дека ќе го спречи растечкото насилство во јужноамериканската земја.
Затворската агенција на Еквадор соопшти дека вчера имало „инциденти“ во шесте преполни затвори во земјата.
Во затворите во Еквадор често има судири меѓу ривалските банди, а од 2021 година во нив починале повеќе од 400 затвореници.
Ново на Сител
-
Во Албанија уапсени три лица за подметнување пожари, ситуацијата со пожарите подобрена
-
Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ
-
Хакерски напад врз веб-страницата на српското МВР од IP-адреса од Холандија
-
Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар
-
Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила
-
Кривична против седум лица поради „местење“ на фудбалскиот натпревар ФК „Кожуф“- ФК „Башкими“
-
Зеленски бара тројна средба по самитот Путин–Трамп на Алјаска
-
Десетици илјади Украинци во САД од денеска без правна заштита и под ризик од депортација