Живот
15. јуни 2017 - 13:49

Професор изеде неколку страници од својата книга - Еве зошто

Професор по политички науки напиша дека ќе ја изеде својата книга ако Лабуристите освојат повеќе 38 проценти од гласовите на парламентарните избори во Велика Британија. Освоија 40,3 проценти…
Ако Лабуристите освојат повеќе од 38 проценти на изборите, радо ќе ја изедам својата книга, напиша на Твитер професорот по политички науки, Метју Гудвин.
 
Откако Лабуристите освоија 40,3 проценти од гласовите, Гудвин во живо на Скај Њус изжвака неколку страни од својата книга „Брегзит-зошто Британија гласаше за излегување од ЕУ“. На Твитер напиша дека е човек од збор.
https://