Македонија
16. November 2020 - 16:46

Проектил од огнено оружје навлегол низ излог во скопска аптека и оштетил производи

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 00:18 часот вработени во аптека на булевар „Партизански Одреди“ во Скопје пријавиле дека забележале дека низ излогот навлегол проектил од огнено оружје кој оштетил производи на една од полиците.

Како што соопшти полицијата, повредени лица нема, а на местото на настанот пронајдени и подигнати се две чаури и еден проектил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.