Проект за социјална инклузија на стари лица
Подобрување на капацитетите на граѓанските организации и нивно вклучување во процесите на креирање на политики и донесување одлуки за социјално вклучување на старите лица во земјите од Западен Балкан на национално и регионално ниво има за цел регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“.
Проектот е финансиран од Европската унија и ќе се имплементира во следните три години во Македонија, Алабанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во Македонија носители на проектот се Црвениот крст на Република Македонија и здружениоте „Хуманост“.
Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит Саити, на отворањето на првиот иницијален состанок на проект, рече дека со висок процент на старо население и поради комплексноста на прашањето за стареењето на населението Македонија има донесено национална стратегија за стари лица со која се идентификуваат приоритетните области и задачи за делување за подобрување на квалитетот на живеење на старите лица.
- Владата на РМ формира национално координативно тело за следење и евалуација на имплементацијата на стратегијата. Преку формирање на мрежата на граѓански организации ќе може да се партиципира во политичкиот дијалог со цел да се влијае во процесите на креирање на политики и носење одлуки за подобрување на квалитетот на живеење на старите лица во Македонија, истакна Саити.
Посочи дека Црвениот крст на Македонија во шест општини во земјата веќе има развиено вонинституционални форми за социјална заштита на старите лица, како што се програми за обезбедување на социјални услуги на старите лица во нивните домови со поддршка на националното друштво и корпоративниот сектор, а отворени се три дневни центри за стари лица и центри за давање помош во домашни услови, како и три клуба за стари лица во Крива Паланка, Неготино и Прилеп.
Мери Т. Павловска од „Хуманост“, рече дека главен приоритет на здружението се вонинституционалната грижа за возрасните лица и се околу старите лица. Посочи дека активностите се поделени во сектори за едукација, сервиси за нега во домашни услови и медицинска нега и помош.
Проектот ќе се реализира во неколку фази и опфаќа формирање мрежи на национални организации, развој на стратегии и подготовка на стратешки план, спроведување на работилници, национални обуки и трибини за социјална инклузија на старите лица.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово