Проект за регулирање сообраќај во Црниче
Општина Кисела Вода почна со реализација на проектот за регулирање на сообраќајниот режим во еднонасочен правец на неколку улици во населбата Црниче.
Проектот, како што информира општина Кисела Вода, има за цел растоварување на сообраќајниот метеж и подигнување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
Согласно проектот, ревидиран и одобрен од стручните служби при Град Скопје и МВР, еднонасочни ќе бидат улиците „Партение Зографски“, „Христо Узунов“ и дел од „Серска“, каде активностите се веќе завршени. Ќе бидат опфатени и улиците „Жванска“, „Дамбени“, „Баница“ и „Наум Охридски“.
- На овие улици веќе се поставува хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Активностите во насока на обезбедување на поголем ред во сообраќајот ќе бидат комплетно реализирани до крајот на месецов, соопшти општина Кисела Вода.
Проектот е целосна инвестиција на општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-
Собранието ќе ја одржи новата 43. седница
-
Нема да има реконструкција на Влада пред локалните избори, уверува премиерот, превирања во коалицијата „Вреди“
-
Прва седница на новиот состав на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата
-
Пленковиќ: ЕУ и Хрватска нема да воведат санкции за претставниците на Република Српска
-
Трамп: Русите ја бомбардираат Украина како луди
-
Штрајк на новинарите во Грција
-
Утрото студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност
-
Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода