-->
-->
Проект за набљудување на процесот на реформи на јавната администрација
-->
Во ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска ќе биде промовиран проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната админстрација од страна на граѓанските организации” којшто финансиски со 333.333 евра е поддржан од Европската Унија.
Настанот е предвидено да го отвори евроамбасадорот Самуел Жбогар, а ќе бидат презентирани клучните наоди од истражувањето за знаењето и учеството на граѓанските организации во процесот на реформа на јавната администрација.
Целта на проектот е јакнење на влијанието на граѓанското општество во процесите на креирање на јавните политики. Се очекува проектот да придонесе кон унапредување на капацитетите на граѓанските организации за спроведување мониторинг базиран на докази на процесот на реформата на јавната администрација и да овозможи простор за соработка на организациите во нивните застапувачки активности за подобрување на политиките поврзани со реформата на јавната администрација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина актерката Радмила Живковиќ, нам позната како луда Дока
-
Укината целосната забрана за движење во шума
-
Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба
-
Перински: 80 општини поднесоа 358 предлог проекти, фазата на евалуација ќе трае од седум до десет дена
-
Македонија ќе се снабдува со гас од Грција од 1 октомври
-
Минчев најавува законско решение наместо балансерот
-
Туфегчиќ: Јас бранам потполно невин човек
-
Просечната нето плата во јули 40.961 денар