Проект „Образование преку Википедија“ за квалитетно помагање на образовниот процес
Во рамки на проектот „Образование преку Википедија“ преку образовната програма на Википедија на македонски јазик се спровеле предавања во основните училишта „Круме Кепески“ во Скопје на крајот на ноември и „Гоце Делчев“ во Неготино на почетокот на декември на кои учениците од повисоките одделенија создавале и уредувале статии за археолошки наоѓалишта во нивниот роден крај и околината.
Како што соопшти проектниот раководител на „Споделено знаење – Викимедија Македонија“, проектните активности се предвидува да продолжат со обуки и уредувања на Природно-математичкиот факултет во декември и јануари, каде ќе се започне со снимање на висококвалитетни видеа од експерименти по физика.
– До крајот на спроведувањето на проектот „Образование преку Википедија“ во јуни 2020 година, треба да се опфатат над стотина ученици и студенти во разни образовни установи од сите нивоа, како и десетици учесници на останатите предвидени активности надвор од образовните установи, кои ќе создадат бројни содржини и статии на Википедија на македонски јазик од образовен, научен и информативен карактер, со што ќе се придонесе со точно, веродостојно и квалитетно помагање на процесот на образование преку слободната интернет енциклопедија Википедија, се наведува во соопштението.
Википедија на македонски јазик, преку својата Образовна програма, во текот на учебната 2019/2020 за првпат е поддржана и е во рамките на Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година од страна на Владата за што со Одлука на Владата се одобрени финансиски средства за започнување на проектот „Образование преку Википедија“.
Проектот вклучува четири одделни потпрограмски проекти како што се – „Википедија во вашето училиште“ кои вклучуваат редовни активности на часови, настава и создавање нови содржини од страна на ученици во многу и разновидни образовни институции како основни, средни училишта, универзитети и академии за високо образование, „Викиексперименти“ каде ќе биде извршено снимање на висококвалитетни видеа на систематски избрани експерименти за илустрирање важни научни концепти и појави во хемијата и физиката, „ВикиКамп“ кој ќе биде организиран во текот на пролетта како семинар за викенд на отворено, каде учесници од цела земја присуствуваат на предавања и работилници, обука и упатства за создавање и уредување статии, поставување и лиценцирање фотографии и „ВикиКлуб“ каде на отворен повик, учесници во текот на шест предавања на секои две недели во наредните три месеци ќе имаат можност детално да се запознаат со уредување, пребарување, работа на Википедија, како и со сите проекти на Фондацијата „Викимедија“, стои во соопштението од проектниот раководител на „Споделено знаење – Викимедија Македонија“.
Ново на Сител
-
МАЕИ и „Патриотското друштво“ поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Пустец
-
Блумберг: Средба Трамп - Путин може да има веќе идната недела
-
Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез
-
Поради магла намалена видливост до 30 метри од селото Лисец до Попова Шапка
-
Ердоган по средбата со Зеленски: Турција ќе биде идеалниот домаќин за можните разговори меѓу Русија, Украина и САД
-
Заканувачки пораки за Гаши
-
Владата го задолжила Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Коцевски
-
ОЈО Штип обезбеди докази за злоупотреба на службената положба и малтретирање во вршење на служба