Проекција на филмот „Збор“ на Слободан Деспотовски во Струмица
Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица вечер ќе биде прикажан долгометражниот игран филм „Збор“ снимен по сценарио и режија на Слободан Деспотовски.
Филмот ја раскажува приказната за Арно кој дал збор дека секогаш ќе му помага на својот пријател Горди. За Арно постои само еден закон - да си го одржи дадениот збор, единствено нешто по кое луѓето, според него, се разликуваат од животните.
Директор на фотографија е Дејан Димески, музиката е на Горан Трајковски. Во актерската екипа се: Сенко Велинов, Диме Илиев, Игор Стојчевски, Катерина Шехтанска, Ана Стојанова, Илбер Муртези, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Гораст Цветковски и Роберт Велјановски.
Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на РМ во соработка со Македонската радиотелевизија.
Ново на Сител
-
Песков: Треба да се помине долг пат за да стекнеме доверба во Америка
-
Холандската полиција бара забрана за огномет поради пораст на нападите со експлозив
-
Дете удрено со мотор во Аеродром
-
Во шкафчето под мијалникот не се чуваат сите видови кујнски производи
-
Со автомобил удрил во семафор и во пешак па избегал | ФОТО
-
Вчера казнети 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола
-
Ватикан: Папата ноќеска добро се одморил
-
Францускиот лекар, обвинет за силување деца, призна дека правел „одвратни работи“