Македонија
21. January 2016 - 8:39

Проекција на филмот „Дипломатија“ по повод годишнината од Елисејскиот договор

По повод 53 години од потпишувањето на Елисејскиот договор, амбасадите на Германија и Франција во Скопје вечер од 18 часот организираат проекција на филмот „Дипломатија“ во Кинотеката на Македонија. 

Филмот е во режија на Фолкер Шлендорф, снимен во 2014 година, со Андре Дисолие, Нилс Арестрип и Бургарт Клауснер.

Филмот лани доби „Цезар“ за најдобра филмска адаптација, а актерот Нилс Арестрип беше номиниран за наградата „Цезар“ за најдобра машка улога. 

Пред вечерашната проекција се најавени обраќања на амбасадорките на Германија и Франција, Кристине Алтхаузер и  Лоранс Оер. 

Филмот е со превод на македонски и на англиски јазик. Влезот за посетителите е бесплатен, со претходна резервација во Кинотеката на Македонија.