-->
-->
Проекција на филмот „Дипломатија“ по повод годишнината од Елисејскиот договор
-->
По повод 53 години од потпишувањето на Елисејскиот договор, амбасадите на Германија и Франција во Скопје вечер од 18 часот организираат проекција на филмот „Дипломатија“ во Кинотеката на Македонија.
Филмот е во режија на Фолкер Шлендорф, снимен во 2014 година, со Андре Дисолие, Нилс Арестрип и Бургарт Клауснер.
Филмот лани доби „Цезар“ за најдобра филмска адаптација, а актерот Нилс Арестрип беше номиниран за наградата „Цезар“ за најдобра машка улога.
Пред вечерашната проекција се најавени обраќања на амбасадорките на Германија и Франција, Кристине Алтхаузер и Лоранс Оер.
Филмот е со превод на македонски и на англиски јазик. Влезот за посетителите е бесплатен, со претходна резервација во Кинотеката на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мојсовска не влезе во финалето во стрелање со воздушна пушка од 10 метри
-
Јаневска: Просветниот инспекторат редовно ќе ги контролира студентските домови, студентите ќе добиваат квалитетна храна
-
Ангеловска-Бежоска: Пристапувањето во СЕПА ќе донесе заштеда од половина милијарда евра за земјите од Западен Балкан
-
ЦУК: 23 пожари на отворено, од нив три се уште се активни, еден е под контрола, а 19 се изгаснати
-
123 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење
-
Загина 17-годишна девојка, а четворица се повредени откако малолетник со автомобил се заби во столб во Хрватска
-
Гир: Во ЕУ нема волја за менување на преговарачката рамка
-
Украински дронови нападнале магацин за нафта во Курската област по што избувнал пожар