Продолжување на куќниот притвор за 16-годишникот кој го прегази д-р Јота, предлага ЈО
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Советот за деца при скопскиот Основен кривичен суд достави предлог за примена на санкција кон дете во ризик постаро од 14 години, кое извршило дејствија кои со закон се определени како кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.
Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека на 25 февруари, детето како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувало кон сообраќајните прописи и со тоа го загрозило јавниот сообраќај и го довело во опасност животот и телото на луѓето.
– Иако немал возачка дозвола, тој со брзина поголема од дозволената за населено место управувал автомобил „БМВ Х6“ по булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје. Кога дошол на крстосницата со улицата „Елисие Поповски Марко“, односно наближувајќи кон обележан пешачки премин, ваквата брзина не му овозможила да запре и да ги пропушти пешаците. Така, тој со возилото удрил во пешак кој во тој момент поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди поради кои се наоѓа во животно-загрозувачка состојба, а детето во ризик веднаш по несреќата го напуштило местото на настанот без да му укаже помош, се појаснува во соопштението.
Бидејќи постои реална опасност детето да се даде во бегство, да ја попречува постапката или да го повтори кривичното дело, се наведува во соопштението, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор.
Ново на Сител
-
Зеленски: Во Украина ќе бидат распоредени илјадници странски војници
-
24-годишник полово злоупотребувал 5 годишно девојче со кое бил во роднинска врска
-
Трамп: Ја изгубивме Русија поради најцрната Кина
-
Рама: Албанските, косовските и македонските туристи се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи
-
Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека ќе нема нови барања
-
Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за Денот на независноста
-
ЦУК: Пет активни пожари, еден изгаснат
-
Приведени две лица, на отворено палеле душеци за да ги извадат федерите и бакарните жици и да ги продадат