Loading Video...
Свет
9. April 2021 - 12:25

Продолжуваат тензиите на релација Москва - Киев.

Продолжуваат тензиите на релација Москва - Киев. Се посилните најави дека пролетва може да се отвори нов фронт не границата меѓу Украина и самопрогласените републики Доњецк и Луганск, резултираа со посета на бојното поле од страна на украинскиот лидер Зеленски. Тој ја повика Русија веднаш да ги стопира акциите насочени кон влошување на безбедносната ситуација во зоната на руско - украинскиот вооружен судир и да ги исполни обврските од Договорите од Париз и од Минск.

Информираше дека од почетокот на годинава, 26 украински војници се убиени, а во 2020 година Украина изгубила 50 војници во конфликтот. Според него Москва најверојатно веќе подготвила измислен изговор како би почначла нова фаза на вооружена агресија против Украина.

Паралелно со потегот на Зеленски, портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки изјави дека Вашингтон разговара за движењето на руските сили во близина на Украина со земјите - членки на НАТО.

Русија сега има повеќе трупи на границата со Украина од кој било друг период од 2014 година, истакна Псаки.

Апелот на Украина уследи откако вчера заменик шефот на руската претседателска администрација, Дмитриј Козак предупреди дека под одредени околности Русија може да биде принудена да ги штити своите граѓани во источниот дел на Украина. Тој истакна дека големи воени акции може да означат почеток на крајот на Украина како држава.