Продолжуваат преговорите за повторно обединување на Кипар
Претседателот на Република Кипар Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџи денеска ќе остварат средба во четири очи во рамки на директните преговори, на кои се бара решение за повторно обединување на островот.
Кипарскиот владин портпарол Никос Христодулидис изјави дека преговорите меѓу двете страни постигнале напредок за значајни теми. Меѓутоа се уште постои разминување и несогласување, за други, исклучително важни прашања. Тој изрази надеж дека за тие теми ќе се зборува во ноември, кога се очекува средбите на двајцата лидери да станат поинтензивни.
- Решението на кипарскиот проблем треба да ја земе предвид загриженоста на двете етнички заедници, а не само на едната. При тоа, решението не смее да има победници и поразени, изјави кипарскиот претседател.
Ново на Сител
-
Вучевиќ: Мојата оставка е „незапирлив процес“
-
„Ајфон 15“ најпродаван телефон за 2024 година
-
Приведен 58-годишник од Делчево за предизвикување пожар
-
„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје
-
Грција депортираше 40 државјани на трети земји кои не добиле азил
-
Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина
-
Трамп ќе биде првиот актуелен претседател на САД кој ќе присуствува на Супербол
-
Нови земјотреси регистрирани во морскиот дел во близина на грчкиот остров Санторини